Бејл во Реал уште шест години, кралевите имаат 4/7! Документи чекаат Пепе, Роналдо и Навас


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Клубот ја потврди веста околу продолжувањето на соработката со велшанецот на официјалниот сајт. Се шпекулира дека откупната клаузула би можела да изнесува 500 милиони евра.

    Сега и официјално – Герет Бејл го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2022-ра година. Сегашниот договор му истекуваше во 2019-та година, но тој е задоволен со условите во клубот и реши да остане.

    Бејл во Реал стигна во 2013-та година од Тотенхем за тогашниот рекорд од 100 милиони евра. Со Реал освои две ЛШ, купот на кралот, светско клупско првенство и европскиот суперкуп.

    Досега договорите со Реал ги продолжија Лукас Васкез, Лука Модриќ и Тони Крос, а наскоро се очекува истото да го направат Кристијано Роналдо и Кејлор Навас.

    На Пепе му е понуден договор до 2018-та, но тој сака до 2019-та година. А, слична ситуацијата е со Роналдо на кој му се нуди соработка до 2020-та година, но тој сака да биде на Бернабе до 2021-ва година. На двата португалци менаџер му е Жорж Мендеш.

    Засега Реал има 4/7!