Бејл донесе конечна одлука за својата иднина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Голема врева се крена во последните неколку дена околу Бејл и неговот можно заминување од Мадрид. Но, денес добиваме информација од Островот, каде што наводно Велшанецот наводно донел одлука за својата иднина.

Потсетуваме, веднаш после финалето во Лигата на Шампионите Бејл изјави дека можно е да си замине, бидејќи нема доволна минутажа во клубот, но се се смени откако си замина Зидан.

Иако тоа многумина не го очекуваа, Бејл одлучил да остане баш поради новиот тренер, Лопетеги, кој има една огромна предност за разлика од својот претходник.

Според британски Експрес, Лопетеги знае англиски, па полесно ќе се разбираат со напаѓачот, за разлика од Зидан.

Споменатиот извор јавува дека Бејл од 2013. година го учи шпанскиот јазик, но немало многу напредок.