Бејл како да се плаши од Модриќ: Сите останати соиграчи ги оттурна од себе откако постигна гол


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кралскиот клуб со доста маки и помош од судијата успеа да дојде до победа на гостувањето кај Леванте, а занимливо е тоа што двата гола ги постигнаа од пенали.

Вториот пенал посебно предизвика многу реакции бидејќи беше јасно дека е непостоечи и дека беше голема грешка на судијата.

Одговорноста ја превзеде Бејл кој постигна гол, а потоа почна да трча кон центарот како ништо да не се случило. Останатите соиграчи сакаа да му честитаат и да го прослават погодокот но Велшанецот тоа го одбиваше.

Тој ги оттурнуваше сите играчи, но кога го здогледа Модриќ мораше да застане. Му пријде на Хрватот и се прегрнаа па реакцијата веднаш стана тема на коментари во шпанската јавност.

Медиумите во Шпанија утрово објавија дека навистина изгледало смешно и очигледно Бејл се плаши од Лука Модриќ, додека останатите играчи му се помалку важни.