Бејл потпишува нов договор, од откупната клаузула да се замрзнеш!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл ќе потпише нов договор со тој клуб, а откупната клаузула во договорот ќе биде вистинска ситница.

    Како што пренесува радио „Кадена Сер“, Бејл по потпишѕвањето на новиот шестгодишен договор ќе остане на Сантијаго Бернабе до крајот на сезоната 2022-2021, а ако некој клуб за тоа време сака да го ангажира ќе мора да плати 500 милиони евра.

    Репрезентативецот на Велс е еден од најдобрите фудбалери на Реал откако премина во тој клуб од Тотенхем во 2013 година.

    Бејл досега одигра 131 натревар за Реал и постигна 61 гол. Со Кралскиот клуб освои две Лига на шампионите, Куп на Кралот, светско клупско првенство и Суперкуп на Европа.