До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пјер Емерик Обамејанг неочекувано може да биде првата ѕвезда на летниот преоден рок.
Одличниот Габонец залуди на Вест фален од доаѓањето, и постигна 87 погодоци во 152 натпревари за Борусија.
Во ова лето се поврзуваше со премин во Премиерлигата, но Милионерите оддолеваа на сите понуди.
Сепак, германски „Билд“ тврди дека конечно може да дојде до продажба во следното лето, како и тоа дека челниците од Дортмунд на крајот од летото ќе ги сослушаат понудите за одличниот 27-годишен фудбалер.
Се ова се вклопува во трдењето на британските медиуми кои објавија информација дека менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола планира на засилувања веќе во зимскиот преоден рок да потроши 170 милиони евра, а меѓу нив е токму и стрелецот на Борусија.
Британски Телеград тврди дека Граѓаните голема конкуренција ќе имаат во Челси, Реал и ПСЖ.
https://www.youtube.com/watch?v=Eui1O5-uU1c















