Билиќ го исмејува Мурињо: Прекрасно го шутна шишето


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Португалскиот менаџер, Жозе Мурињо доби ново исклучување во Премиер лигата во натпреварот против Вест Хем, а за таа ситуација коментираше и Славен Билиќ, менаџерот на Вест Хем.

    Билиќ се пошегува со Мурињо, и истакна дека Мурињо прекрасно го шутнал шишето со вода.

    „Да бидам искрен, тоа беше одличен удар. Прекрасно го шутна“, изјави Билиќ.

    Сепак, хрватскиот стратег призна дека се сочувствува со својот колега од Манчестер.

    „Се сочувствувам со него поради ситуацијата со Погба, беше тоа одлична одлука на судијата, но од наша гледна точка не изгледаше дека симулираше“, додаде стратегот на Вест Хем.