„Благодарам на Бога што Мурињо не ми е тренер повеќе“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Жозе Мурињо со Челси освои три титули во Премиер лигата и еден од најзаслужните за големиот прогрес на овој клуб во англиските и европските рамки.

    Сепак, на крајот во својот втор мандат на Стенфорд Бриџ почна да го „губи компасот“ па поради тоа направи неколку грешки кои во јавноста испливаа дури после неготово заминување од клубот.

    Еден од фудбалерите што се одлучи да проговори за својот однос со Мурињо е Нигериецот Виктор Мосес, кој искрено порача дека му е исклучително мило што Португалецот повеќе не го тренира.

    „Мурињо никогаш не разговараше со мене. Сам себе во главата си зацртав дека не сум во плановите и тоа беше. Мислам дека само неколку пати зборувавме по пат на телефон, и тогаш ме испрашуваме дали е се во ред со мојата позајмица во Ливерпул. Тоа беше се. Благодарам на Бога што повеќе не ме тренира“, рече Мосес, и потоа проговори за Конте, кој многу го почитува:

    Конте ме цени како играч, а го цени и мојот труд кој го вложувам. Тоа ми дава на самодоверба и за мене е чест што му се допадна. Формацијата која ја играме совршено ми одговара“.

    Виктор Мосес во оваа сезона настапи на девет натпреваери за Челси а постигна три погодоци.