До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вардар славеше против Ренова потешко од очекувањата, а тетовска Шкендија играше 2:2 против Работнички и сега се на -6 од лидерот Вардар.
Вардар со голот на Дејан Блажевски во 76 минута славеше против Ренова.
Шкендија поведе против Работнички со 1:0 со голот на Ферхан Хасани во 15 минута, Филип Ивановски во 35 минута од пенал израмни на 1:1, повторно Хасани донесе водство на Шкендија во 49 минута, а резервистот Кире Марковски кој влезе во 53 минута, само пет минути подоцна донесе ново израмнување на Работнички на 2:2.
Тоа беше и конечниот резултат од мечот.
Шкупи и Брегалница одиграа 1:1, а без голови завршија мечевите Победа – Македонија ЃП и Силекс – Пелистер.















