Боатенг “личните проблеми” ги реши со трансфер во Германија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Пред неколку дена насекаде можеше да се прочита веста дека Кевин Принс Боатенг го раскинува договорот со Лас Палмас поради “нерешливи лични проблеми”. Денеска дознаваме дека проблемите впрочем и не биле нерешливи.

 

Боатенг денеска ги помина медицинските прегледи во Ајнтрахт Франкфурт и веќе од вечерва ќе биде официјализиран како нов играч на германскиот тим.

Тренерот на Ајнтрахт, Нико Ковач, беше многу упорен да го донесе Кевин Принс Боатенг но тимот немаше простор во Финансискиот Фер Плеј. Затоа, единственото решение за Боатенг да се пресели таму беше тој да го раскине договорот со Лас Палмас и да се приклучи на тимот како слободен играч. И токму тоа и се случи.

 

30-годишниот Кевин Принс Боатенг е играч од средината на теренот кој примарно има офанзивни задачи. Пред да заигра за шпанскиот Лас Палмас играше за Херта Берлин, Б. Дортмунд, Тотенхем, Портсмут, Милан и Шалке.