До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После неочекуваниот 2:3 пораз од Ростов, претседателот на Баерн Карл Хајнц Румениге јавно го критикуваше Џером Боатенг.
Ја поврза неговата игра со заминувањето во репрезентацијата и начинот на живот на 28-годишниот.
„Критиките на нашата и мојата игра е оправдана. Не играв добро. Но тоа е затоа што не се вратив во форма после повредата од Евро и доцна почнав со подготовките“, рече Боатенг.
„Не, нема врска со начинот на живот. Тие кои ме критикуваат, знаат дека секогаш правам се за да бидам во топ форма“.
Боатенг беше виновен за два гола, а уште и во 58 минута е заменет поради повреда.
Но, прегледот покажа дека не е ништо сериозно.
„Среќен сум, после прегледот се покажа дека не е страшно и дека можам дури да заиграм во сабота“.















