Богдановиќ и Шариќ ја одведоа Хрватска до изненадувачка победа над Франција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Хрватска покажа заби пред почетокот на ЕвроБаскет турнирот со неочекувана победа против фаворитот Франција.

 

Во победата од 92 – 87 над Франција, хрватскиот национален состав покажа одлична офанзивна егзекуција. Сите играчи шутираа ефикасно од поле а посебно од зад линијата за три поени. Играчи кои најмногу импресионираа беа Бојан Богдановиќ, кој постигна 21 поен, и Дарио Шариќ со неговиот дабл-дабл од 16 поени и 10 скокови. Шариќ притоа беше прогласен и за Играч на натпреварот.

Еван Фурние беше одличен за репрезентацијата на Франција уфрлајќи 24 поени (4/5 за тројка) но тоа не беше доволно за да се надополни разликата.

 

ЕвроБаскетот почнува на последниот ден од месец август.