Борба за Хесе – Се вклучи и шпанскиот гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ е на мета на голем број на клубови, а изгледа дека во трката се вклучи и Валенсија.

Лас Палмас беше на пол позиција кога се работи за доведување на фудбалерот на ПСЖ, Хесе.

Клубот од Канарските острови најголемиот ривал го имаше од Италија, тоа беше Рома, но изгледа дека од денес ќе имаат многу поголем проблем бидејќи се вклучи Валенсија.

Питер Лим мисли дека на неговиот тим ќе му помогне доведувањето на фудбалерот кој оваа сезона не доби шанса за игра во ПСЖ, па спремен е да ја издвои истата плата која му ја плаќаат и парижаните на Хесе.

Лас Палмас е местото на неговото раѓање, но Валенсија е многу помоќна.