Борец со пресврт до победа против лидерот Охрид


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Борец славеа со 30:28 против Охрид во натпревар од дванаесетото коло во македонската суперлига.

    После првото полувреме во салата Гемиџии, гостите од Охрид имаа водство од 13:16. Одличната игра на Борец во второто полувреме му донесе победа на клубот од Велес, 30:28.

    Дарко Димитриевски со 10 погодоци го предводеше Борец до победа. Миле Ордев постигна 7 погодоци. Кај Охрид најефикасен беше Марко Кобетиќ со 11 погодоци.

    Борец во следното коло повторно игра на домашен паркет, овој пат против битолски Еурофарм Работник, а Охрид ќе го пречека Металург 2 на домашен паркет.