Брегалница не издржа до крајот – Фернандо Силва му ја донесе првата победа на Пелистер во 2017-та година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Пелистер ја победија Брегалница во Охрид во натпревар од 20-то коло во првата македонска фудбалска лига, 2:1.

Голманот на Брегалница, Кобетиќ играше со рака надвор од казнениот простор и заработи директен црвен картон. По индирекот, Илијоски му донесе водство на Пелистер.

На полувреме битолчани имаа минимална предност, 1:0. Далчески во 58-ма минута од натпреварот го израмни резултатот, 1:1.

Брегалница одолеваше долг период во натпреварот на нападите на Пелистер, но не издржа до крајот. Во 90-та минута резервата Фернандо Силва ја затресе мрежата на Апостоловски за победа на Пелистер, 2:1.

Пелистер после оваa победа ќе се искачи на третата позиција, а Брегалница е закована на дното.

Ова е прва победа на битолскиот клуб во 2017-та година.