Брендон Џенингс ја напушта НБА?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогаш надежниот плејмејкер, Брендон Џенингс, денеска ја соопшти следната дестинација во неговата кариера. Изненадувачки за многумина, тоа не е тим од НБА лигата.

 

Џенингс изминатата сезона ја почна во Њу Јорк за во сред сезоната да биде разменет во тимот на Вашингтон Визардс. Ниту на едното место не докажа дека поседува квалитет за да биде дел од долгорочниот план на овие две франшизи, па така на крајот на сезоната тој стана слободен агент.

Денеска во изјава за медиумите неговиот агент соопшти дека Брендон Џенингс кариерата ќе ја продолжи во кинеската лига, во тимот на China Shanxi, со кого ќе потпише едногодишен договор во вредност од 1,5  милиони долари.

Играчот ја изрази својата желба да се врати во натпреварувачка форма во кинеската лига и се надева дека по истекот на овој договор ќе може повторно да најде дом во НБА лигата.

 

Брендон Џенингс има 27 години и беше 10-ти пик на драфтот во 2009 година.