Бундеслигашката сензација: Еден ден ќе играм за Барселона!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Осман Дембеле во ова лето стигна во редовите на Борусија Дортмунд и веќе ја воодушевува Бундеслигата.

    Вистинска сензација која се појави во германскиот фудбал откри дека има желба за еден ден да го облече дресот на славната Барселона.

    Еден од најдобрите млади играчи на денешницата блеска во дресот на Милионерите, каде што стигна од Рен.

    Привлече внимание на бројни клуботи, а изборот падна на Дортмунд.

    Шпанските медиуми ги интерсираше дали во иднина ќе заигра за Каталонците.

    „Не сега, сакам да растам и да се развивам. Сепак, едне ден ќе играм за Барселона“ ,рече 19-годишниот Французин.

    Дембеле има договор со Борусија Дортмунд до 2022 година.