Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После три одиграни кола во најсилната германска Лига, само Баерн Минхен има шанси да го задржи максималниот учинок, откако денеска киксна Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ за овој неуспех во Фрајбург можат да му бидат лути на нивниот стопер, Сократис кој што им ги одзеде трите бода на Обемејанг и другарите. При резултат 0-0, во самиот крај на натпреварот, грчкиот дефанзивец, асистираше со глава за погодокот на Обемејанг, но потоа почна да се првива по тревата, симулирајќи фаул од противничкиот играч, а судијата во моментот кога топката на Обемејанг ја затресе мрежата свирна фаул во корист на домаќините.
Залудни беа сите протестирања на гостинските играчи, судијата може да се каже дека потполно во право го казни симулирањето на Сократис.
За болката да биде уште поголема фудбалерите на ДОртмунд од 37 минута играа со играч повеќе, но не успеаја да го најдат патот до голот.
Мајнц губеше од 22 минута со 1-0, од Леверкузен, но во последните минути од првиот дел Муто го изедначи резултатот на 1-1. Во вториот дел психолошки паднаа гостите, па така Мајнц уште посилно ги нападна и со головите на Сердар и Далоа стигнаа до убедлива победа од 3-1 над Леверкузен.
Волвзбург и Хановер одиграа 1-1, Аузбург го прегази Келн со 3-0, а Менхенгладбах загуби на домашен терен од Ајнтрахт со 1-0.