До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во овие денови во Барселона е прилично немирно.
Во последната деценија каталонскиот клуб не памети полош почеток на сезоната.
На табелата Барселона се наоѓа на четвртата позиција, меѓутоа тоа што тренерот повеќе го мачи е секако „кртот“ во соблекувалната.
Тренерот Луис Енрике полуде кога виде дека тактичките белешки пред дуелот со Борусија Мехенгладбах во Лигата на шампионите завршија на новинарските страници, а јасно е дека „исчури“ од соблекувалната.
„Енрике почна отворено во лов на кртот, но е малку веројатно дека тој лов ќе биде успешен. Се чувстува предаден и е во потрага за кртот, кој посвети многу време, го кочи во извршувањето на други работи“, пишува Спорт.














