Бускетс после дебаклот: ПСЖ беше подобар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот дуел од осмина финалето на Лигата на шампионите Пари Сен Жермен ја потопи Барселона на Паркот на Принцевите.

Избраниците на Унаи Емери од почетокот на дуелот направија вистинска опсада на голот на Барселона и на крајот сосема заслужено славеа со 4:0, а со тоа после натпреварот се сложи и Серхио Бускетс.

„Пари Сен Жермен беше подобар од нас. Едноставно, играа подобро, и не надмудрија нас и во тактичка смисла“, изјави фудбалерот на Барселона.

Иако реваншот е на распоредот на 8 март во Барселона, тешко е да се верува дека каталонскиот клуб ќе може да ја надокнади предноста од првиот натпревар.