Буфон: Во Париз е многу помалку стресно


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најсензационалните трансфери во овој летен преоден рок  беше трансферот на Џиџи Буфон во ПСЖ.

Легендарниот италијански голман потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување доколку двете страни се согласни.

Буфон истакна дека не зажалил што дошол во Франција, а во разговор со тамошните медиуми проба да ја објасни разликата од играњето во Италија.

„Среќен сум и полн со ентузијазам. Овде има добар хумор и помалку стрес за разлика од Италија. Ова е за мене новост“, изјави легендарниот Буфон за France Football, а потоа објасни што мисли под „стресно“.

„Во Италија малку се претеруваше за одредени работи. Премногу бевме оптеретени со фудбалот, додека овде пристапот е сосема друг. Поспокојно е, опуштено и повеќе се ужива“, додаде искусниот Џиџи.