Валверде ги засука ракавите – Пречкрта четворица во Барса?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во понеделникот е именуван за нов тренер, денеска веќе има список на играчи на кои не смета.

Како што пренесе денеска каталонскиот весник Спорт, Ернесто Валверде на управата на Барселона веќе го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат слободни да одат во случај на вистинска понуда.

Тоа се – Жереми Матје, Лукас Диње, Арда Туран и Рафиња, од чија продажба би требало да се соберат пари за засилувања.

Вака стојат работите, Жереми Матје и Лукас Диње се дефинитивно прекубројни и тие во ова лето ќе заминат за најдобра можна понуда, додека Арда Туран и Рафиња може да донеаат солидна сума на пари од продажбата.

Матје неодамна откри дека има две понуди, не е познато од кого, додека Диње е најблиску до премин во редовите на Лион.

Туран беше поврзуван со неколку англиски клубови, а има и богати понуди од клубот, клубот очекува најмалку 30 милиони од неговиот трансфер.

Што се однесува до Рафиња, за него голем интерес покажа Јувентус, но и Ливерпул и Рома.

Исто така од неговата продажба се очекува прилов во износ од 25 до 30 милиони евра.

Во секој случај, Барса од продажбата на овие четворица може да собере пари за потенцијални две засилувања, а засега се знае дека прва голема желба е Ектор Белерин, додека Андер Ерера ја отпиша можноста за повторно да ја повтори соработката со Ернесто Валверде.