Вардарки остануваат кон главната цел – Финале во ЛШ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    По освоениот бод ракометарките на Вардар повторно ќе играат на домашен терен, овој пат против Лајпциг.

    Аце Станковски, Едуард Кокшаров и Сергеј Самсоненко ќе го предводат ЖРК Вардар впеток против германскиот Лајпциг.

    „Клубот одлучи да ја прекине соработката со нашиот тренер Индира Кастратовиќ, за што бевте известени. Не бевме задоволни од стартот во Лигата на шампиони, имавме неубедлив старт и неочекуван изгубен бод на домашен терен. Клубот оцени дека е потребен одреден потег кој ќе го засили тимот и ќе се фокусираме на главната амбиција на тимот а тоа е да играме финале во Лигата на шампиони. Никогаш не е лесно да се донесе ваква одлука, но таа е во функција на високите амбиции на нашиот клуб и се надеваме дека по одлуката брзо ќе се консолидираме сите. Во однос на Индира имам и професионална и лична потреба да кажам дека Индира е од самиот почеток во клубот, од почетокот на проектот Вардар, и се вложи максимално и како човек и како тренер во функционирањето на клубот. Покажа максимална коректност и чесност во однос на извршувањето на своите обврски. Остави зад себе пријатели во тимот и во Вардар, а изгради и човечки и професионални односи со сите во клубот и тоа го респектираме. Индира остави белег од настапот на овој Вардар на домашно првенство и од првата титула на која се радувавме во националното првенство до сите успеси до мај годинава. Вградена е и клубот го респектира тоа. Клубот не се откажува лесно од луѓето кои биле дел од Вардар. На Индира ѝ понудивме да остане во структурата на Вардар и да го имаме како придобивка нејзиното искуство што го стекна овие години. Се надеваме дека Индира ќе прифати да остане дел од семејството Вардар. Во однос на натпреварот со Лајпциг пред стартото на второто коло, се надевам дека клубот бргу ќе се консолидира од она што беше наш прв неубедлив настап. Сите сме фокусирани за таа цел, но после еден ваков неочекува пораз мора да бидеме внимателни. Се надевам дека Вардар ќе ја извојува првата победа. Потребно е да се соземеме и да избојуваме победа“, изјави Гордана Нацева, претседателот на клубот.

    Аце Станковски кој остана во стручниот штаб потврди дека девојките се спремни и покрај проблемите со повреди.

    „Претходниот натпревар изгубивме два бода што не ни беше во математиката. Но, не се навраќаме, сакаме да одиме напред. Продолживме со тренинзи. Се консолидиравме и имаме помош од тренерот на машката екипа Давид Дејвис. Девојките ја согледаа целата ситуација со ФТЦ, и желни се за победа. Максимално ќе се ангажираат на следниот натпревар со Лајпциг, ќе дадат сѐ од себе да ја извојуваме првата победа во овој дел од Лигата на шампионите. Имаме мали робелми оваа недела со Барбара Лазовиќ и Тамара Мавсар кои имаат стомачен вирус, и Андреа Кликовац , поради очен вирус, нема да биде во стартниот состав. Но со анализи и гледани видеа за екипата верувам дека ќе изводјуваме победа. Ние сме квалитет во нив. Не треба да мислиме дека е слаба екипа, има рејтинг, но сепак треба да сметаме дека сме над нив“, изјави Аце Станковски.

    „Се сложувам со Аце. Сакам да кажам дека Лајпциг не е лоча екипа но нашиот квалитет е повисок. Ветувам само победа. Анализа работиме, со Дејвис, независно што се случи со Индира, тоа е одлука на клубот, наша задача е да ги земеме овие два бода“, изјави голманката на Вардар, Ина Суслина.

    „Со оглед на новонастанати околности во клубот, независно, ние сме професионалци и мора работата да ја одработимедо крај. За сега Аце и Дејвид ни се тренери, не ни останува друго освен во петок да победиме и конечно освоиме два бода во Скопје“, изјави ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ.

    „Ние мислевме дека се ќе биде во ред. Ќе имаме добра игра, дека можеме без проблем да победуваме особено пред домашна публика, и очекувавме сосема друга игра. Видовме дека нешто не чини. Апсолутно се сложувам со се што каажа претседателот на клубот Гордана Нацева во однос на Индира Кастратовиќ. Тоа што има професионално незадоволство од страна клубот е така. Но, ние ја сакаме Индира. Четири години бевме заедно, ни беше тешко да донесеме ваква одлука. Тоа е спорт и треба малку професионално да гледаме. Индира ќе остане дел од нашето семејство. Од саботата кога беше донесена одлуката за смена, почнавме да размилсуваме и бараме. Тоа не беше планирано. И ни треба време. Сега се прават анализи и преговори со тренерите. Јас предложив да направиме тренерски тим, од Аце Станковски, Едуард Кокшаров, и јас како помош во координација. Нема да има главен тренер, туку тим. Одговорноста за резултатите и игра јас ја превземам врз мене. Ако играме лошо моја ќе биде одговорноста. Се трудиме побрзо да најдеме кандидат што ќе ја преземе екипа. Би сакал да потврдам дека побаравме помош од Давид Дејвис, помошникот во машкиот тим бидејќи по наша проценка, лани освен тој лош полуфинален натпревара на Ф4, што за мене и сите беше срам како игравме, на другите мечеви игравме добро. Затоа побаравме помош на неколку денови, бидејќи тој има други обврски. Се надевам дека брзо ќе имаме нов тренер. Сега не можам да ви кажам, не сакам да погрешам во изборот на нов тренер. Од наша страна ќе дадеме се, да биде среќна и екипата и публиката. Сакам посебно да и се заблагодарам на публиката бидејќи на првиот меч со ФТЦ ни даде добра подршка. Би ги поканил да не подржат, а ние ќе се потрудиме да уживаат во натпреварот и да редиме победи. Неможе да имаат влијание ракометарките. Ние имаме став дека тие неможе да имаат влијание. Ние сме убедени дека поинаку би бил хаос. Во екипата треба дисциплина и секој да ги исполнува своите обврски. Ракометарките треба да го работат своето, тренерите своето, а администрација да носи одлуки. Влијание може повеќе да има од публиката и новинарите, бидејќи и тие се дел од спортот. Големо уважување и почитување кон Индира имам и јас и ракометарките. Таа е легенда во ракометот и многу придонесе. Искрено верував дека може да помогне. Секоја година имаше незадоволство на моменти. Ако е ова погрешен потег тогаш тоа е моја вина. Јас и верував. Не издржав, и според нашата проценка немаше игра и не функционираше како што треба. Незадоволството после последниот Ф4 беше не само кон стручниот штаб туку и кон ракометарките. Од прв ден зборуваме дека ракометарите и ракометарите мора да играат со срце. Верувам дека некогаш не оди. Но мора да се бориш со срце. Тогаш ќе имаш почитување и од публика, и од новинарите и од сите други“, изјави сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко.

    „Индира имаше разговор со сопственикот Сергеј Самсоненко, и понудено и е позиција каде може најмногу да помогне. Има неколку позиции каде може тоа да го покаже. За тоа подетално ќе информираме кога ќе биде прифатено“, изјави претседателката на Вардар, Гордана Нацева.