Везниот играч на Јунајтед се договори со новиот клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека е готово, еден од омилените играчи на навивачите ќе го менува тимот на лето.

Шпанските медиуми истакнуваат дека Андер Херера склучил договор со ПСЖ.
Искусниот везен играч е еден од најдобрите поединци на Црвените Ѓаволи оваа сезона, а со Манчестер има договор само до крајот на оваа сезона.

Се пишуваше дека Јунајтед ќе ја продолжи соработката со Баскиецот, но во целата приказна влезе и ПСЖ со многу примамлива понуда.

Имено, преговорите се во завршна фаза, а ПСЖ на Херера му понуди плата која ќе биде околу 60.000 повисока од онаа која ја зема на неделно ниво во Манчестер.

Клубот од „Олд Трафорд“ му понуди нешто повеќе од 110.000 евра неделно, додека Французите му пратиле понуда од 170.000 евра неделно.

Во Париз веруваат дека Херера одлично ќе се вклопи со Марко Верати, а на поранешниот играч на Билбао му понудиле соработка во времетрање од 3 години.

Така се очекува дека Ерера по завршетокот на сезоната ќе го напушти Манчестер и ќе стане играч на ПСЖ.