Венгер би потрошил 35 милиони за напаѓач на Торино


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Доколку ги слушаме гласините на италијанските медиуми, Арсен Венгер во скоро би тргнал по напаѓач и тоа во Серија А.

    Овојпат станува збор за напаѓач на Торино, Андреа Белоти.

    Белоти сезонава блеска како во репрезентацијата така и во Торино.

    Сезонава на 11 натпревари постигна 8 погодоци носејќи го дресот на тимот од Торино а и веќе имаше понуди од англиски клубови.

    Веќе се шират гласини дека Вест Хем понудил 30 милиони, а Венгер е спремен да даде 5 повеќе за Белоти да го облече дресот на Арсенал.