До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот играч за врска на Арсенал Фреди Љунберг нема ниту една замерка на работата на менаџерот Арсен Венгер во текот на неговите 20 години во клубот.
Швеѓанинот смета дека Венгер е исклучително заслужен за развојот на клубот, кој во меѓувреме доби и нов стадион.
„Тој покажа дека е одличен менаџер, иако во минатото често имаше финансиски ограничувања.
Никогаш во медиумите не се жалеше на буџетот и тоа покажува дека е голем човек.
Верувам дека навивачите посакуваа доста засилувања во ова лето, но кога сите знаат дека англиските клубови имаат доста пари, тогаш автоматски се подигнува цената на секој играч.
На крајот сепак успеа да доведе добри играчи.
Арсен е заслужен за развојот на клубот на сите нивоа. Ги одведе од Хајбери на нов стадион, изгради одлична екипа, која и понатака се држи во Лигата на шампиојните“, изјави Љунберг.















