Венгер откри колку планира да потроши за потенцијалната замена на Санчез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

 

Заменета за Алексис Санчез, би требало да го чини Арсенал, околу 60-70 милиони евра, смета менаџерот Арсен Венгер.

Арсен Венгер, верува дека 70 милиони би биле доволни за да се најде соодветна замена за Чилеанскиот репрезентативец кој очеигледно е дека го напушта Арсенал, но прашањето е дали ќе замине зимоска или на лето како слободен играч.

Се беше договорено и Санчез требаше да стане играч на Манчестер Сити, но Венгер го спречи трансферот бидејќи „Топчиите“ немаа содветна замена за крилниот напаѓач.

Во последниот ден од преодниот рок, Арсенал испрати понуда до Монако за Томас Лемар од 92 милиони, но играчот ги одби и рече дека сака да остане во Монако, а со тоа автоматски го „уништи“ заминувањето на Санчез во Сити.

Раководството на Арсенал се стави во голем ризик бидејќи Сити им понуди 60 милиони за играчот, но тие ги одбија, ако се знае дека Санчез следното лето ќе биде слободен играч и може да си замине без пари, клубот ќе претрпе огромна загуба.