Венгер со препорака до Лаказет: „Следи го примерот на Ибрахимовиќ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

 

Вечерва од 20 часот и 45 минути започнува Премиер Лигата, со дуелот помеѓу Арсенал и Лестер, а менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер сака својата нова аквизиција да го следи примерот на Златан Ибрахимовиќ, кој минатата сезона од Праиз дојде во Манчестер за да настапува во Премиер Лигата.

Според медиумите Венгер е спремен да го пушти во стартниот тим Алекандре Лаказет, кој што дојде оваа сезона од тимот на Олимпик Лион за рекордна клупска сума од 52 милиони евра.

Францускиот стратег верува дека неговиот сонародник добро ќе се снајде и се надева Лаказет да биде играчот кој на неговиот клуб ќе му ја донесе титулата во премиер Лигата.

„Невите игри во франција беа извонредни, постигнуваше гол на секои 80-минути, а ако го повтори тоа и во Премиер Лигата, ние ќе имаме голема предност“. – изјави стратегот.

„Ако можеше Златан Ибрахимовиќ својот процент на голови од Француската Лига да го повтори во Премиер Лигата, сигурно дека може и Лаказет.“ – јасен бее Венгер.