Венгер спреми 50 милиони фунти за напаѓач


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Изгледа дека тренерот на Арсенал, Арсен Венгер и ова лето ќе потроши многу пари во преодниот рок.

Французинот не трошеше многу, а во минатите четири години потроши пари само на две големи засилувања, Алексис Санчез и Месут Озил.

Тука не е крајот на скапоцените засилувања. Французинот е голем фан на играта на Алваро Мората и има намера се да направи само за да го доведе. Мората не игра во стартниот состав во Реал Мадрид и многу лесно би можел да си замине. Наводно Венгер спремил 50 милиони фунти за неговите услуги, а оваа е понуда која Реал најверојатно нема да ја одбие.

Мората оваа сезона има одиграно 24 натпревари во Ла Лига, а само 13 ги започна. Има постигнато 15 погодоци.