Венгер ќе потроши 35 милиони на италијански напаѓач?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Според пишувањата на италијанските медиуми, Арсенал може да направи еден трансфер во зимскиот преоден рок поради тоа што му е потребен уште еден напаѓач.

    Ако се верува на италијанските медиуми, Арсен Венгер наскоро може да тргне по напаѓач и тоа во Серија А.

    Се работи за напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.

    Белоти во оваа сезона е одличен во италијанската репрезентација како и во Торино каде што игра кај Синиша Михајловиќ.

    Во оваа сезона постигна 8 голови на 11 настапи во дресот на Торино, а имаше веќе понуда од страна на премиерлигашки клубови.

    Наводно веќе е одбиен Вест Хем кој понуди 30 милиони евра, а се споменува дека Арсенал може да понуди за 5 милиони поголема сума.

    Нормално, тешко е да се очекува во јануари дека Торино ќе се ослаби во играчкиот кадар можеби и најдобриот играч во тимот во овој момент, далеку се поголеми шансите за Арсенал да го доведе во своите редови ќе биде во наредното лето.