До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Заборавете на Италија каква што сте познавале досега…
Италијанскиот фудбал се наоѓа на раскрсница, во многу важен историски момент и моментално е многу тешко да се донесе одлука од која што зависи иднината на фудбалот на Апенините.
Така зборуваше селекторот на Аѕурите Џампјеро Вентура во интервју за Ла Штампа, ден пред да го соопшти списокот за натптреварот од квалификациите за Светскиот куп против Лихтенштајн, односно пријателскиот дуел против Германија.
„Што мсилев таа ноќ кога сум поставен за селектор? Дека сум награден и дека тоа е голем предизвик. Но тогаш сфатив дека сме во многу тежок историски момент и дека пред мене е голема работа. Пред се подмладување на екипата“, рече Вентура.
Вентура наговести дека во скоро време ќе има повик за новите надежи на италијанскиот фудбал како надежта на Милан Мануел Локатели и од Сасуоло Лоренцо Пелегрини.
Тој истотака рече дека Заза и Балотели имаат реални шанси да се вратат на списокот, односно дека Клаудио Маркизио ќе биде лидер на новиот тим. Вентура посебно нагласи дека подмладувањето ќе доведе и до промена на формацијата…
„Фантастично е што и понатака имаме стара гарда која не носи, но тие нема да траат засекогаш. Нашата цел е да се квалификуваме за СП низ групите во која што сме носители, а потоа за во Русија да направиме нешто големо. Паралелно со тие цели ќе настојуваме да изградиме нов тим, ќе дадеме шанса на момци од 18, 19, 20 години… Можете тоа да го наречете стажирање или како сакате. За мене е важно да имам некој спремен кога да речеме Барзаљи ќе каже: „Еј, немој повеќе да ме викаш“.
Вентура сепак напоменува дека нема да брза со уфрлувањето на младиоте во сениорската екипа…
„Локатели, на пример, е одличен млад фудбалер, ќе стане еден од најдобрите играчи за врска, но што ако губи топки во првите два натпревари. Ќе го изгубиме за наредните десет години. А тоа не сакаме. Сасуоло има одлични млад играчи. Го гледав и Политано и Пелегрини и Мацители, оставија многу добар впечаток на мене“.
Маркизио? Формација?
Со сите карактеристики кои ги има може да биде лидер на младите момци. Што се однесува до формацијата таа се менува со подмладувањето. Немаме многу класични играчи за врска. Многу повеќе крилни. Затоа иднината на Италија е во формација 4-2-4. Старата 3-5-2 засега функционира. Со нови фудбалери нема да може“.
Заза и Балотели…Во што се надевата?
„Ако зборуваме за надежитте ги има премногу, се надевам дека ќе добијам на лото“, се пошегува Вентура.
„Заза е во проблем и ќе пробам да му помогнам. Кога зборуваме за Балотели не знам зошто секогаш се зборува за она што го работи надвор од теренот“, заврши Вентура.















