До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Селекторот на репрезентацијата на Италија, Џан Пјеро Вентура, пред неколку дена го објави списокот на играчи за натпреварот од квалификациите за СП.
Во центарот на вниманието беше Марио Балотели кој ни овој пат не доби повик во репрезентацијата на Италија.
Балотели се препороди од доаѓањето во Ница, но очигледно тоа не е доволно за селекторот Вентура.
Тој на прес конференција објасни зошто не го повика Балотели.
„Не е вистина дека Балотели не е повикан поради некои технички причини. Тој е одличен играч и не треба да се дискутира за неговиот талент.
Постојат илјади други причини зошто не е тука. Разбирам дека за два месеци ја дигна значително својата форма, но се сомневам дека за два месеци може да го промени своето однесување. Не ми требаат проблеми во екипата“, рече Вентура.
Балотели во минатата недела изјави дека се надева враќање во репрезентацијата на Италија, но очигледно дека ќе биде тешко додека Вентура е на селекторската позиција.















