Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Наполи славеа вечерва во Лисабон против Бенфика со 2:1 во рамките на 6 коло од групната фаза од ЛШ.
На Наполи беше потребна победа против Бенфика со цел да го осигуруаат пласманот и првото место кое води во нокаут фазата од ова натпреварување.
После мечот голманот на гостите, Пепе Реина рече дека играчите од почеток веруваа дека ќе изборат пласман во нокаут фазата.
„Бевме одлучни да дојдеме во Лисабон по победа и да покажеме на сите дека заслужуваме пласман понатака. Знаевме дека не чека вжештена атмосфера, но верувавме во себе и на крајот славевме. Меѓу најдобрите 16 екипи сме во Европа и тоа е одлично. Сега одиме да славиме“, рече Реина.
Реина рече дека во нокаут фазата сака Наполи да игра против Севиља или Реал Мадрид.
Истотака, Реина нема ништо против за нареден противник да го добие својот некогашен клуб Баерн.