Верувале или не , Винициус го бараат дури девет клубови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трансферот на Бразилецот Винициус Јуниор од Фламенго во Реал Мадрид вреден 45 милиони евра беше договорен минатото лето, но се чекаше овој вундеркид да наполни 18 години, за трансферот да биде официјално реализиран.

Иако имаше добри партии во припремните натпревари со Реал, клубот на крајот одлучи најпрво да се развива со Б тимот, но не е исклучено и младиот тим да заврши на позајмица.

Занимливо е што дури девет клубови се заинтересирани за Винициус, па на позајмица сакаат да го доведат Рајо Ваљакано, Ваљадолид, Бетис, Реал Сосиедад, Леганес, Жирона, Еспањол, француски Нант и италијански Удинезе.

Сепак, дечкото не сака да оди од Мадрид, па се очекува да игра за Б тимот на Реал во третата лига или да оди на позајмица во посериозен тим.