Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неуспехот на Вест Хем во првите три кола од новата сезона во Премиер Лигата се манифестираше со незадоволство помеѓу фановите, кои го обвинија клубот дека не купил доволно квалитетни играчи летово.
Еден од директорите на Вест Хем, Дејвид Саливан, тврди дека клубот имал договор со Ренато Санчес и Грегор Криховијак, но дека Славен Билиќ ги одбил двата трансфери.
“Ренато Санчес и Криховијак му беа понудени на Славен (Билиќ) пред да заминат во други клубови, но тој ги одби, објаснувајќи дека е задоволен со составот кој го има.” – изјави Дејвид Саливен.
По првите три кола Вест Хем нема ниту еден бод, притоа постигнувајќи само два гола.