Вејн Руни има две понуди за кои добро ќе размисли


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Вејн Руни во јануари би можел да го напушти „Олд Трафорд“ по 12 години во клубот.

Како што пишуваат британските медиуми, Руни веќе имал две понуди од Кина кои се и повеќе од примамливи.

За одличниот 31-годишен фудбалер интерс покажаа Гуангжу Евергранде и Пекинг Гуоан, кој на Руни му нудат нереални 700,000 фунти неделно.

Доколку одлучи да си замине во Кина, Руни ќе стане најплатениот фудбалер во светот.

Вејн Руни ја игра една од најлошите сезони во кариерата, а за Јунајтед во Премиер лигата настапи на 14 натпревари и постигна само еден гол.