Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во спортот и во бизнисот нема ништо свето, а тоа вчера го покажа и Ендру Вигинс кој му врачи отказ на својот агент откако истиот тој агент се испазари за максимален договор за својот клиент.
Имено, Вигинс го разреши својот досегашен агент Бил Дафи доцна во средата навечер. Бил Дафи до тој момент работеше на тоа неговиот клиент да добие максимален договор, бидејќи имаше само уште една година од постоечкиот договор.
Минесота Тимбервулвс доставија понуда за петгодишен годишен договор со кој Вигинс ќе заработи 148 милиони долари. Но, веднаш откако Дафи успеа да ги исполни барањата на својот клиент, беше отпуштен уште истата вечер.
“Разочаран сум што испадна вака, посебно заради тоа што со Вигинс имавме добра соработка цели три години. Јас бев со него откако влезе во лигата и работев блиску до него и неговата фамилија. Но, во лигата одамна имаме проблем со луѓе од страна кои се мешаат во работата, така што веќе го контактирав синдикатот за спортски агенти за да си ги дознаам правата во ваква ситуација.” – изјави Бил Дафи.
Со новиот договор Ендру Вигинс ќе стане најплатениот играч на Минесота Тимбервулвс.