(Видео) Луис Суарез воодушеви едно дете

    Иако се смета за проблематичен фудбалер, Луис Суарез надвор од теренот делува како многу добар човек.

    Суарез имаше различни скандали во фудбалот, но по гостувањето во Севиља докажа дека сепак е добар човек.

    По доаѓањето во хотелот, неименувано момче и неговата мајка побараа дрес од Уругваецот, а Суарез им вети дека ќе го добијат неговиот дрес по натпреварот.

    Така и беше. Суарез го потпиша дресот и му го подари на младиот навивач, кој беше воодушевен што можеше да го носи дресот на својот омилен играч.