(Видео) На денешен ден, младиот Алесандро Дел Пјеро го постигна еден од најубавите голови во својата кариера


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Алесандро Дел Пјеро во својата кариера постигна многу важни и убави голови, а овој гол секако е еден од најубавите.

На денешен ден, пред точно 22 години во рамките на 12. коло од Серија А играа Јувентус и Фиорентина. Натпреварот се играше во Торино, Фиорентина преку Франческо Баиано и Анџело Карбоне поведе со 2:0, а во последните 20 минути доживеаа пресврт.

Прво Џанлука Вијали со два гола (73. и 76. минута) го изедначи резултатот, а потоа на сцената стапи тогаш 20-годишниот Дел Пјеро. Тој во 87. минута со сенцазионален гол ја наговести одличната кариера. Долга топка од левата страна во шеснаесетникот нафрли Алесандро Орландо, а Дел Пјеро го следеше летот, а потоа со одличен волеј постигна неверојатен гол.