Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Робин Ван Перси доби овации од навивачите на Манчестер Јунајтед, по неговото враќање на „Олд Трафорд“ во дресот на Фенербахче.
Навивачите на „Црвените ѓаволи“ особено го поздравија Холанѓанецот кога на крајот на натпреварот го постигна голот за турскиот тим, во поразот од 4:1.
Меѓу оние кои со посебна страст му аплаудираа беше и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој во 2012. година го донесе на „Олд Трафорд“ од екипата на Арсенал.
Ван Перси во текот на трите сезони поминати во Манчестер постигна 58 гола на 105 натпревари, а пред гостувањето во четвртокот изјави дека најверојатно ќе останел во клубот, да не би заминел Фергусон.
https://www.youtube.com/watch?v=4iMMQzSSOQ0