Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На 6-ти август, 2003 година Кристијано Роналдо го навести своето доаѓање во фудбалските води.
Тоа беше денот кога Португалскиот напаѓач имаше прилика да се покаже себе си против силен европски клуб во пријателски натпревар, тој мораше да одигра ни помалку ни повеќе туку против идниот „свој“ Манчестер Јунјатед. Одигра перфектно и не разочара, а сето тоа будно го следеше и го виде Алекс Фергусон.
Тимот на Алекс Фергусон, потоа го продаде Дејвид Бекам на Реал Мадрид, па барашае негова замена и ја најде во едно дете кое што беше на цутот на својата кариера, Кристијано Роналдо.
„Мораме да го потпишеме овој играч“ – била пораката на Гери Невил тогашниот капитен на Јунајтед.
„Тој никогаш не би оценил играч по само еден пријателски натпревар, но неговата изведба тој ден беше феноменална.Дриблаше шутираше, додаваше едноставно беше комплетен играч.“ – Рече Гери Невил.
Еден пријателски натпревар помеѓу Спортинг и Јунајтед ја промени историјата на Јунајтед и Роналдо.