Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот, Нејмар синоќа во пријателскиот натпревар помеѓу Барселона и Јувентус беше незапирлив за италијанската одбрана и два пати ја затресе нивната мрежа, а Барселона го победи Јуве со 2-1.
Во топлата вечер во Њу Џерси пред преполниот стадион со капацитет од 82 илјади седишта се судрија уште еднаш старите познаници, Јувентус и Барселона.
Барселона го започна натпреварот со најсилниот состав, додека пак Алегри тактизираше и започна со променлив состав, па можеби и затоа Каталонците беа подобри во првиот дел.
Нејмар два пати беше кобен за одбраната на Јуве, која е ослабена со заминувањето на Бонучи во Милан, додека пак за италијанскиот тим единствен стрелец беше Киелини.