Видео: Сите седум гола од „лудиот“ натпревар помеѓу Арсенал и Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во воведниот натпревар од новата сезона во англиската Премиер Лига, Арсенал на „Емирејтс“ славеше драматична победа од 4:3 против Лестер.

Не можеше да посакаме подобар натпревар на отворањето од Премиер Лигата.  Арсенал и Лестер одиграа спектакуларен натпревар во кој гостинот два пати водеше, но на крајот сепак изгуби.

Веќе во втората минута Арсенал дојде до водство преку засилувањето Александре Лаказет, но само три минути подоцна Шинџи Оказаки го изедначи резултатот. Во 29. минута Џејми Варди погоди за 2:1, а пред самиот судиски свиреж во првиот дел Арсенал изедначи со голот на Дени Велбек.

Во вториот дел Лестер повторно дојде во предност откако во 59. минута Варди по трет пат го матираше Петр Чех. Како одминуваше времето се чинеше дека Лестер непоразен ќе си замине од Лондон, но за да не биде така се погрижија Арон Рамзи и Оливие Жиру кои во 83. односно 85. минута погодија за победа на „топчиите“.