(Видео) Фудбалерот на Барселона го нарече Ковачиќ глупав


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Како што и обично се случува кога играат Барселона и Реал Мадрид, на теренот има вистински оган и дури по завршувањето на натпреварот во јавноста се појавуваат многу детали.

Така во шпанските медиуми се појави видео снимка која покажува како Жорди Алба го навредува Матео Ковачиќ.

Пред изведување на еден слободен удар, Алба, поради некоја причина, му дофрли на хрватскиот фудбалер: „Прво научи да зборуваш шпански, глупав“.

Останува да се види дали шпанскиот фудбалер поради ова ќе биде казнет, но оваа видео снимка секако не му оди во корист.