Вилијан се правдаше на навивачите на Челси поради Гвардиола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити после изведувањата на пенали против Челси успеа да дојде до трофејот во Лига купот.

Беше 0-0 но тимот на Гвардиола имаше повеќе среќа во пеналите.

Добра партија во редовите на Челси пружи Бразилецот Вилијан кој мечот го започна на левото крило, но беше заменет во 95. минута.

По завршување на натпреварот беше разочаран, а тоа го призна и на својот Инстаграм профил.

„Многу сум разочаран бидејќи не го освоивме пехарот, а тоа беше наша главна цел. Дадовме се од себе и затоа главата горе. Продолжуваме со работа, имаме и други цели до крајот на сезоната. Еден од навивачите на Челси му засмета и прокоментира зашто Вилијан насмеан стоел со Гвардиола и дека не изгледал тажен“.

„Само пробав да бидам љубезн со него, таков каков што сум кога разговарам и со сите други“, објасни Бразилецот.