Виолетовите конечно попуштија: Спремни се да го пуштат одличниот Хрват да направи трансфер на кариерата


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ игра одлично во редовите на Фиорентина, и веќе се наоѓа на мета на Челси и Милан.

    Росонерите веќе пробаа да го доведат во летото, а се надеваа дека голема улога во тоа ќе одработи Винченцо Монтела кој веќе го тренираше Бадељ.

    Меѓутоа, Фиорентина ги одби сите понуди, но Калчомеркато јавува дека Виолетовите конечно попуштија и ја поставија цената за квалитетниот хрватски играч за врска.

    Имено, во Фиренца се спремни да го пуштат за минимални 12 милиони евра.

    Инаку, договорот на Бадељ трае до лето 2018 година, а во редовите на Фиорентина очекуваат со парите од неговиот трансфер во јануари да тргнат по нови играчи.

    https://www.youtube.com/watch?v=SHnFzh6n1P4