Вистински избор на Нероаѕурите: Нов играч на Џузепе Меаца


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Мартин Касерес во последно време се повеќе се поврзува со Интер.

    Имено, овој универзален дефанзивец во летото се раздели со Јувентус, и во оваа полусезона работи индивидуално бидејќи и покрај бројните понуди не најде ангажман.

    Сега се повеќе се споменува негово доаѓање во редовите на Интер, со што Де Бур дополнително ќе ја засили последната линија на тимот, бидејќи овој дефанзивец може да игра на повеќе позиции.

    Касерес позади себе има навистина одлична кариера, бидејќи досега настапуваше за Виљареал, Севиља, Барселона и Јувентуа, а има само 29 години.