Вистински спектакл на „Вестфален“ во март!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалската репрезентација на Германија првиот натпревар во 2017 година ќе го одигра против Германија во Дортмунд, соопшти вчера Фудбалскиот сојуз на Германија.

    Пријателскиот меч меѓу Германија  и Англија е закажан за на 22 март и ќе биде одигран на стадионот на Борусија Дортмунд, прочуениот „Вестфален“.

    Тој дуел на двете репрезентации ќе го искористат како подготовка за продолжување на квалификациите за СП во 2018, поради тоа што четири дена подоцна Германија ќе игра против Азербејџан, а Англија против Литванија.

    Репрезентацијата на Германија води на табелата од квалификациите во групата Ц со максимални 9 бодови после три одиграни натпревари и гол разлика 8:0.

    Англија во третиот квалификационен дуел освои само бод, па со две победи и едно реми ја зазема лидерската позиција на табелата од Групата Ф со освоени 7 бодови, а ја следат Литванија и Словенија со по 5 освоени бодови.