Волкот делеше автограми на ривалите и влезе во клубот 100 +


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал Тео Волкот во победата на Топџиите во мечот од петтата рунда од ФА куп против Сатон го постигна стоттиот гол во дресот на тимот од Лондон.

Екипата од Емирати со триумф од 2:0 обезбеди место во четвртфиналето на престижното натпреварување и ја заврши бајката на малиот клуб од Јужен Лондон, а Волкот своето име го запиша во историјата на клубот.

Дваесет и седум годишниот Волкот стана дури 18 играч кој во кариерата постигна 100 голови во дресот на Арсенал.

Англискиот репрезентативец кај Топџиите дојде уште во 2006 година од Саутемптон и со овој клуб освои два трофеи ФА Куп и еден Лига куп.

Легендарниот Тиери Анри со 228 постигнати голови е неприкосновен на лидерската позиција, втор е Јан Рајт со 185, трет Клиф Бастин со 178.