Волфсбург капитулираше во Дармштадт, милионерите се вратија од 3:1 и се изборија за бод


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во германската Бундеслига се одиграа пет натпревари од осмото коло.

    Првото денешно изненадување се случи во Дармштадт каде домашните го совладаа Волфсбург со 3:1. Лошо започна натпреварот за волците бидејќи Брума доби црвен картон. После црвениот картон Бен Хатира му донесе водство на Дармштадт. Гомез во вториот дел израмни. Клајнхаслер и Сиригу со своите погодоци го решија Волфсбург и ги поставија конечните 3:1.

    Фрајбург им се врати на победите. Со 2:1 беше совладан Аугсбург. Сите три погодоци беа видени во второто полувреме. Филип и Петерсен погодија за 2:0, а Алтинтоп го намали водството на домашните за конечни 2:1.

    Херта со денешната победа од 2:1 на домашен терен против Келн се искачи на втората позиција и има исто бодови со Баерн кој во 18:30 игра против Менхенглдбах. Ибишевиќ во 13-та минута ги израдува домашните навивачи. Напаѓачот на Келн, Модесте израмни во вториот дел, а Штарк ги постави конечните 3:1 во 74-та минута.

    Во Инголштад видовме дожд од погодоци. Домашниот тим одигра 3:3 против Борусија Дортмунд. Фудбалерите на Инголштад не успеаа да го сочуваат водството до крајот, а имаа 3:1. Кохен и Лескано во првото полувреме погодија за 2:0. Потоа видовме два погодоци во период од една минута. Обамејанг го намали водството, но Лескано набрзина ја врати предноста на Инголштад од два погодоци. Рамос намали на 2:3, а Пулишиќ во 91-ва минута погоди за конечни 3:3.

    Хофенхајм ништо не го запира. Денес жртвата беше Леверкузен кој беше совладан со 0:3. Демирбај, Вагнер и Зубер беа стрелци на погодоците за Хофенхајм. Леверкузен после пет минути игра остана со фудбалер помалку.