Волшебникот ги полуде шпанците – Заслужи финале во борбата за Златната топка, а нема да биде меѓу 15-те најдобри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ел Класико заврши 1:1, а Модриќ уште еднаш ја докажа класата и потврди зошто е еден од најдобрите во средниот ред.

Поранешниот фудбалер на Тотенхем ги полуде шпанците и беше прогласен за најдобар фудбалер во најголемото светско дерби.

„Модриќ и Златната топка“, стоеше во насловот на АС.

„Натпреварот не го обележаа ниту Меси ниту Роналдо, а ниту Нејмар. Натпреварот ќе го памтиме по двајца фудбалер, Иниеста и Модриќ. Неговото прво полувреме беше едно од најдобрите кој некој фудбалер на Реал ги одиграл“, пишува АС.

„Модриќ како и Бускетс беше еден од најдобрите чувани тајни во светот на фудбалот. Вистина е дека Бернабе го сака, но реалноста зборува нешто друго. Него никогаш не му недостасувало квалитет, туку само награда. Неговото изоставување од конкуренцијата за Златната топка минатите сезони беше изненадувачки и разочарувачки.“

„На 31 години за прв пат се споменува помеѓу кандидатите за наградата за најдобар фудбалер. Нема да ја освои. Најверојатно нема да биде ниту помеѓу 10-те или 15-те најдобри, но тажно е што во последните три години беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид. Навивачите се свесни за тоа и треба да бидат гласачи.“